Wikimedia Foundation, организацијата која стои зад развојот и одржувањето на Wikipedia, објави дека после долго време, поточно 10 години, ќе направат промени во корисничкиот интерфејс на оваа позната страна.

Тоа значи дека корисниците може да очекуваат одредени промени во дизајнот на Wikipedia, промени кои треба да го подобрат корисничкото искуство и читањето на страната, како и барањето на содржина.

Од Wikimedia истакнуваат дека главната причина за редизајнот, иако 10 години може да се сметаат самите по себе како причина, се новите корисници кои во овој долг период првпат почнуваат да користат интернет, а со тоа и првпат се сретнуваат со Wikipedia.

Новиот дизајн треба да овозможи поголема прегледност, како и искуство кое е помодерно и слично на тоа што во денешно време претставува интернетот.

Сепак, промените не се драстични, односно Wikipedia ќе го задржи својот препознатлив формат и изглед, а тоа што ќе биде променето е доволно за да се добие ново и подобро корисничко искуство.

Промените на страната ќе бидат насочени кон повеќе делови, а тие вклучуваат можност за исклучување на левата мени лента, ново мени за содржина, намалување на логото и поразлична поставеност, полесен избор за јазикот на кој е прикажана статијата, како и подобрување на системот за пребарување на статии.

Сите досега планирани промени можете да ги погледнете на листа со gif слики на следниот линк.

Инаку, воведувањето на промените ќе оди бавно и постепено, како што истакнуваат од Wikimedia, па целта им е да промените официјално бидат пуштени до крајот на идната година, а до тогаш корисниците ќе имаат можност да се привикнат и да ги видат промените.

ИЗВОРWikimedia
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWizz Air лансира интерактивна мапа за планирање на патувањето
Следна статијаМакпетрол: Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво добија и животната средина и граѓаните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.