Што точно претставува вашата веб страна, односно како би ја објасниле на читателите за тие наједноставно да го разберат концептот ?

НајдиДом.мк е агрегатор на информации за недвижнини, што на корисниците им овозможува пребарување на сите огласи за недвижнини на едно место. Просто кажано, место да барате недвижнини на 10тина различни сајтови, на НајдиДом.мк може да ги пребарувате сите недвижнини на едно место.

Со тоа корисниците кои барат недвижнини ќе заштедат на време. Но, бидејќи ги пребаруваат сите огласи, можат да бидат сигурни дека не испуштаат нешто што инаку не би го виделе. Така да, тука може да заштедат и на пари или да најдат можност што не би ја нашле.

Како дојдовте до идејата за развој на една ваква веб страна ?

Самата идеја беше поттикната и од наше лично искуство при потрага по нов дом. Како што знаете, агрегаторите се доста популарни за различни типови на информации како вести, авионски летови, туризам итн. Меѓутоа, овој сегмент од пазарот не беше покриен. Оттука, воочивме дека алатка како НајдиДом.мк драстично ќе го олесни просецот на пронаоѓање на нов дом во Македонија.

Засега, реакциите на нашите корисници се одлични. Добиваме пораки со позитивни коментари, како нашиот сајт им помогнал да го пронајдат својот дом или полесно да го продадат/ изнајмат имотот.

НајдиДом.мк2

Како го замислувате натамошниот развој на веб страната ?

Во иднина планираме да го развивме начинот на пребарување, односно да ги искористиме сите податоци од нашето секојдневно функционирање. Целта е да им понудиме информации и на оние лица кои продаваат или изнајмуваат, преку информирање за растот или падот на цените на конкретна локација. На пример, доколку продавате трособен стан во населба Карпош, Скопје ќе бидете информирани во просек какви се понудите во оваа категорија и локација.

Како условите во државата и економијата влијаат на развојот на вашата идеја ?

Во секторот на недвижнини постојат периоди на хиперпродукција и стагнација, поради типот на инвестиција. Инвестирањето во недвижнини не е одлука што ја донесувате секој ден. Токму поради тоа, сакаме на нашите корисници да им дадеме што е можно поголем избор што ќе одговора на нивните потреби и можности.

Каква технологија е употребена во развојот, односно дали се работи за WordPress или друг CMS систем, или се работи за целосно од вас развиен производ?

Целиот производ е изработен целосно од нас без користење на CMS системи. Самиот сајт како и пребарувачот се целосно направени од наша страна. Технологиите кои ги користиме се претежно Python, JavaScript, HMTL5 и CSS, MySQL, RabbitMQ, Elasticsearch итн.

Каков профил на луѓе стојат зад развојот на овој проект, односно дали се работи за програмери и слично, или ентузијасти од

други области ?   

IgorPopov

Основачи на агрегаторот сме јас и Игор Стаматовски. Точно да, ние работиме во ИТ секторот. Меѓутоа, нашиот стремеж е да видиме каде на пазарот има проблем за нешто што би можело да биде потпомогнато од развивање на одредена технологија.

Што би им препорачале на нашите читатели ?

Пред се, би им препорачал ако бараат недвижнини, моментално или во иднината, да го пробаат НајдиДом.мк. Се надевам дека ќе им се допадне производот и секако секогаш сме отворени да слушнеме од нашите корисници како можеме да го подобриме.

Претходна статијаДевета планета во сончевиот систем можеби е пронајдена – уште колку ги има?!
Следна статијаTesla претстави видео во коешто ја промовира нивната автопилот функција