При крајот на минатиот месец Google претстави редизајн на Gmail за веб, нешто што може слободно да се каже дека му беше потребно на сервисот подолго време. Новиот дизајн е повеќе во правец на остатокот од сервисите на Google, а со него дојдоа и неколку нови функции.

Во правец на овозможување на унифицирано корисничко искуство на своите сервиси, Google направи и мал редизајн на Google Drive. Причината за ова е најмногу поради големиот број на деловни корисници на сервисите на Google, кои сигурно би сакале да имаат исто корисничко искуство на сервисите кои најчесто ги користат, по редизајнот на Gmail.

Новиот дизајн на Drive не е драстично променет, а најмногу поради фактот што овој сервис е понов од Gmail и веќе беше направен според правилата на Material Design, па промените се само во правец на додавање на сите најнови дизајн промени кои ги има компанијата.

Како што истакнуваат од компанијата на нивниот блог, промени кои ги има во Drive се следните:

  • Логото во горниот лев дел е сменето со логото на Google Drive
  • Корисниците кои користат сопствено лого, истото ќе биде прикажано на горниот десен дел
  • Иконата за Settings е преместена да биде во линија со лентата за пребарување, како и таа за Help Center
  • Позадината на страната сега е бела, не сива
  • „New“ копчето е редизајнирано
  • Промена на фонтовите

За корисниците на G Suite овој сервис е важен дел од пакетот, па подобрувањето на корисничкиот интерфејс секогаш е добредојдена промена која овозможува подобро искуство.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаAndroid P – Драстични промени, навигација со гестикулации, вештачка интелигенција и многу повеќе
Следна статијаНино Карас: CodeWell денес е успешна ИТ компанија и иноватор од светски ранг
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.