Apple, во соработка со американската CDC, Белата Куќа, како и државната агенција FEMA, претстави посебна веб страна, како и iOS апликација за информации поврзани со COVID-19. Иако мобилната апликација е достапна само за iOS платформата, преку веб верзијата сите заинтересирани можат да пристапат до информациите.

Во основа, корисниците можат да ги добијат сите важни информации поврзани со пандемијата, начини како да се заштитат, што да прават во одредени ситуации, каде може да се тестираат во САД и слично.

Тоа што ја прави посебна оваа апликација сепак е можноста да се пополни краток прашалник врз основа на кој ќе може да се добие одговор дали е потребно да се јави корисникот на доктор, односно дали симптомите што ги има укажуваат на имање на COVID-19, како и кои се ризиците.

Веб страната е достапна на овој линк, а доколку сакате да ја инсталирате мобилната апликација, истата е достапна во AppStore преку овој линк.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаРецензија: Samsung Galaxy S20+ има одличен екран со 120Hz и камери кои ќе ве инспирираат да сликате
Следна статијаWizz Air ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.