995911b40c234ac03c2351034d90b01d_original

На 7-ми овој месец Kickstarter ја достигна бројката од 100.000 успешно финансирани проекти на нивната платформа. Тоа значи дека 100.000 проекти биле претставени барајќи поддршка и минимално бараната сума била достигната во одредениот рок.

Kickstarter започнува со работа на 28-ми април 2009 година, па бројката од 100.000 е достигната за точно 6 години, 9 месеци и 10 дена. Проектот којшто ја донесува бројката на 100.000 е Falklands/Malvinas: One War, all Wars.

Kickstarter во чест на оваа достигната бројка на својот блог истакна 100 интересни факти за платформата. Еве дел од овие факти:

  • Број на категории и поткатегории во коишто се организирани проектите изнесува 165
  • На почеток биле потребни 121 ден да се стигне до бројката од 100 успешно финансирани проекти, бројка која е достигната за само 3 дена за последните 100
  • Бројот на креаторите коишто ги имаат претставено стоте илјади проекти изнесува 86.101
  • 539 од креаторите имаат повеќе од 1 успешно финансиран проект
  • Најголема бројка на успешно финансирани проекти од еден креатор е 94
  • Бројот на поддржувачи на стоте илјади проекти е 9.088.422
  • Категорија која има најголем број на успешни проекти е за музичките проекти, а нив ги имало 22.133
  • 4 креатори на проекти добиле Grammy награда за нивниот проект

Целосната листа на факти можете да ја погледнете на следниот линк.

Претходна статијаКинескиот Meizu ќе претстави нов Ubuntu телефон на MWC 2016
Следна статијаSony претстави нов подобрен камера сензор со 22,5 мегапиксели за смартфоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.