На почетокот од годината руските власти почнаа со подготовка на нов закон врз основа на кој земјата ќе може целосно да се исклучи од светската интернет мрежа и да продолжи да функционира само преку нивните, односно руските сервери.

Со други зборови, Русија планира да може да се претвори во една голема интранет мрежа, која функционира на ниво на целата држава. Законот за воспоставувањето на една ваква мрежа беше потпишан од претседателот Владимир Путин во мај оваа година.

Во основа, замислата на руските власти е да во случај на сајбер напад на земјата од надвор, интернет мрежата да може да продолжи да функционира само внатре во земјата, односно да бидат достапни само руските веб страни и руските сервиси кои секако се хостирани на руски сервери.

Тестот за дали е можно и какви би биле резултатите од едно вакво исклучување од светската интернет мрежа требаше да се случи во пролет, меѓутоа дојде до одложување, па од руските власти информираа дека истиот успешно поминал овој месец.

Според властите, Русија успешно била исклучена од светската интернет мрежа, а сето тоа не било ни забележано од граѓаните. Дали тоа навистина е баш така возможно е прашање, но во земјата има алтернативни и популарни сервиси за скоро се во светот, како на пример алтернатива за Google Search и слични.

„Испадна дека, во главно, и властите и телеком операторите се спремни да ефективно одговорат на можните ризици и закани и да го овозможат функционирањето на Интернетот и на унифицираната телекомуникациска мрежа во Русија.“ – истакна заменик министерот за Дигитален Развој, Комуникации и Масовни Медиуми, Алексеј Соколов.

Иако од страна на руските власти ваквата мерка се истакнува дека се развива и би се користела само во случај на надворешни сајбер напади, сепак за многу ова е нешто што ќе може да се користи за контрола на интернетот и следење на граѓаните.

ИЗВОРBBC
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаНаредниот уред со екран на превиткување од Samsung може да биде направен од стакло
Следна статијаПредлог филм кој вреди да се гледа – Јастогот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.