google-maps-pac-man

Google се познати по менување на нивната главна страна на пребарувачот во чест на одредени луѓе, случки, празници и слично. Google Doodle, како што се наречени промените на логото, се често навистина интересни и обично привлекуваат доста внимание кај сурфачите.

Во чест на 1-ви Април кој што е светски ден на шегата, Google овој пат овозможи интересна промена на Google Maps. На било која мапа која што ќе ја изберете, со притискање на копчето кое што се наоѓа на долниот лев агол, можете да ја играте старата и позната игра Pac-Man.

Инаку Pac-Man е јапонска игра за првпат претставена во далечната 1980 година од страна на Namco и Midway Games, кои ја носат играта во САД. Се работи за легендарна игра која што е популарна и до денес, а нејзината едноставност прави да може да биде достапна на било кој уред.

Доколку сакате да играте Pac-Man на улиците од вашето маало, отворете ја Google Maps страната и почнете со играње.

Претходна статијаПротечен задниот поклопец од iPhone 6C?
Следна статијаЕксперимент (веројатно) докажува дека квантното заплеткување постои – и дека Ајнштајн бил грешка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.