Microsoft го претстави новиот Bing минатата недела и со тоа слободно може да се каже дека започна една мала револуција во интернет пребарувањата, а можеби и конечно ќе може посериозно да му конкурираат на Google.

Од оваа недела новиот Bing почна да им станува достапен на повеќе корисници, а од Microsoft истакнуваат дека го имаат тестирано на ограничен број корисници во 169 земји и со тоа веќе се собрани доволно информации за да може да се донесат првите заклучоци.

Microsoft објави статија со првите импресии и заклучоци, а може да се каже дека оваа објава и беше потребна поради појавата на одредени „несакани“ ситуации. Под несакани ситуации се мисли на такви кога Bing не дава баш точни одговори, почнува да се повторува, а има и пријави каде Bing почнува наводно да биде вулгарен.

Од компанијата овие ситуации ги потврдуваат и даваат објаснување за пријавените ситуации. Според Microsoft, проблем засега можат да претставуваат ситуациите кога корисниците многу долго време „разговараат“ со Bing, а долго се смета кога ќе се постават повеќе од околу 15 прашања. Во ваква ситуација Bing може да почне да се повторува, а може да биде и „испровоциран“ да даде одговори кои не се баш во правец со саканиот тон од страна на Microsoft, истакнаа од компанијата.

Треба да се земе во предвид дека ова се само почетоците на новиот Bing, па со тек на време овој јазичен модел ќе стане подобро трениран и научен да ги дава потребните одговори на точен и културен начин.

Microsoft истакна и неколку позитивни факти за првата недела од пуштањето на новиот Bing. Зголемен е бројот на пребарувања, а корисниците почнале да ги користат и можностите како сумирање на одредени текстови, можноста за разговор, како и можноста за креирање на содржина. 71% од корисниците дале позитивна оценка за нивното искуство досега, па може да се каже дека тоа е одлично, но со простор за подобрување.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаМаск најавува назначување на нов директор на Twitter до крајот на годината
Следна статијаMicrosoft работи на подобрување на Snap Assist функцијата со помош на вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.