Malwarebytes, познатата безбедносна компанија од САД, излегоа со соопштение во кое информираат дека и тие се хакирани од страна на истата група која го направи познатото хакирање на SolarWinds.

Со оглед на тоа дека од Malwarebytes не го користат софтверот на SolarWinds, тие биле хакирани преку пропуст во софтверот на Office 365 и Azure, поточно преку еден од корисниците на софтверот поврзан со апликација од трета страна.

Според Malwarebytes, хакирањето нема направено некоја голема штета, а нема ни стигнато до нивните производи. Се што е успеано е да се добие пристап до одредени имејл пораки, а производите од компанијата остануваат безбедни за користење.

За случајот од компанијата биле информирани од страна на Microsoft Detection and Response Team, при крајот на минатата година, по што е направена детална проверка на сите нивни системи.

Интересно е што се истакнува дека пропустите во софтверот на Microsoft биле откриени уште во 2019 година, но од компанијата ги немаат затворено.

Како креатор на малициозниот софтвер одговорен за овие хакирања се истакнува дека е спонзориран од страна на држава, а таа држава се верува дека е Русија.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Malwarebytes
Претходна статијаRenault го враќа познатиот Renault 5 како целосно електричен автомобил дел од Renaulution стратегијата
Следна статијаSamsung BESPOKE линијата на фрижидери за прв пат на CES 2021
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.