snowden-oliver-pass

Сатиричарот Џон Оливер, кој што моментално е најмногу познат по неговата емисија која што се емитува на HBO, Last Week Tonight, во својата најнова епизода направи интервју со Едвард Сноуден. Разговорот очекувано се одвиваше во Москва, каде што Сноуден моментално живее, а за истиот пишувавме на почетокот од оваа недела.

Интервјуто, односно емисијата се прилично долги, па можеби не секој успеал да го изгледа цело, односно да ги види и слушне сите работи кои што Сноуден има да ги каже. Ова интервју може да се каже дека се издвојува од сите други направени со Сноуден, најмногу поради тоа што Џон Оливер е комендијант, па и целиот разговор се одвиваше со доза на хумор и сарказам.

Во продолжение можете да видите еден дел од интервјуто во кое што Сноуден му објаснува на Оливер кои видови на лозинки можат да се користат, а кои не, како и за важноста на лозинките како заштита на нашите онлајн работи.

Во основа тоа што го кажува може да се каже дека им е познато на повеќето, иако голем број на корисници не го следат тоа што го знаат. Лозинките не треба да бидат кратки и не треба да бидат изрази кои што лесно може да бидат погодени. Се препорачува лозикните да вклучуваат повеќе од 10 карактери, а доколку немате начин како да ги памтите сложените комбинации од букви, бројки и други карактери, тогаш може да се користи некој израз лесен за памтење, но тежок за погодување.

Претходна статијаДали Galaxy S6 Edge може да преживее пад од вселената?
Следна статијаXiaomi тврди дека заработиле 335 милиони долари за 12 часа од продажба на телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.