Shutterstock.com

На почетокот од овој месец хакер успеал да влезе во системот на една пречистителна станица за вода во округот Pinellas кој се наоѓа во државата Флорида во САД. По влегувањето во системот, тој се обидел и успеал да го зголеми количеството на натриум хлорид повеќе пати над дозволената граница.

За среќа, тој веднаш бил забележан од вработените, па што промената била вратена во нормалните граници и не дошло до ризик на населението кое пие од оваа вода.

Уште по излегувањето на веста беше пуштена информацијата дека хакирањето било направено преку пристап до TeamViewer, позната апликација која овозможува пристап до компјутер од друга локација преку интернет.

Повеќе детали беа најавени по истрагата на случајот, па сега информациите покажуваат дека хакирањето и не било до толку софистицирано, а доаѓа до израз и малото давање на значење и финансии за заштита на ваквите објекти.

Според информациите од истрагата, хакирањето навистина се случило преку TeamViewer, но во главно поради тоа што биле користени исти лозинки за повеќето компјутери. Исто така, заклучено било дека сите системи имале пристап до интернет, но не се користела никаква заштита, односно немало никаков „firewall“.

Покрај сето ова, компјутерите во станицата работат на Windows 7, веќе доста стар оперативен систем кој и нема поддршка од страна на Microsoft и веќе не добива безбедносни надградби.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Hacker News
Претходна статијаРСБСП со апел: Пешаците често страдаат во сообраќајни незгоди, бидете внимателни
Следна статијаWizz Air лансираше опција за известување на цените преку мобилната апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.