Фото: Shutterstock.com

Apple, Meta и Discord биле измамени од страна на хакери да им дадат податоци за своите корисници, мислејќи дека барањата доаѓаат од официјални државни институции. Нема точни бројки за колку корисници се работи, а дадени се информации како телефонски броеви, адреси, IP адреси и слични основни кориснички информации.

Начинот на којшто хакерите успеале да ги измамат овие компании е преку искористување на официјални имејл адреси кои се користат од страна на властите, односно полицијата и други институции. Иако овие компании имаат посебни сектори кои работат со официјални барања од страна на властите и нивна проверка, сепак користењето официјални адреси кои ги имаат хакирано ја направило разлика, а изминатите години не ретко можевме да прочитаме за хакирани државни институции во САД и други места.

Втората причина поради која хакерите успеале да ги измамат овие компании е искористувањето на можноста на властите да побараат податоци без судски налог, односно во итни ситуации во кои зависи нечија безбедност или живот.

Не е случајно што многу организации се против ваквата можност на властите, нешто што може да биде злоупотребено во вакви ситуации, но и од страна на властите, затоа што компаниите немаат увид во тоа дали навистина ситуацијата била итна или само така е означена за да не се бара судски налог.

Според некои информации, се верува дека хакерите кои стојат зад овој случај се истите кои изминатата недела беше објавено дека ги хакирале системите на Microsoft и Okta.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Krebs on Security
Претходна статијаInstagram сега може да се разгледува по хронолошки редослед
Следна статијаНовата линија на уреди на Samsung за 2022 година дизајнирана за иновативно персонализирано искуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.