Дали Google станува полош ?“ е името на едно истражување кое ни откри колку е паднат квалитетот на резултатите кои се прикажуваат при пребарувањето, иако не само преку Google.

Од компанијата, кои во огромен дел зависат од овој бизнис, најавија надградба на Search со која треба да се подобри квалитетот на резултатите. Тоа би се постигнало со справување токму со проблемите кои беа истакнати во истражувањето, па ќе видиме колку успешно истото ќе го направат тоа од Google.

Подобрувањето на резултатите Google ќе го направи со справување и подобрување на неколку делови од системот. Тоа ќе го направат преку намалување на содржина која има низок квалитет и не е оригинална. Од Google очекуваат дека корисниците ќе добиваат резултати од страни кои ќе им бидат од поголема корист и помош, а подобрувањето најавуваат дека би ја намалило неквалитетната и неоригинална содржина за 40%.

Втора мерка која ја најавуваат од Google може да се каже дека треба да направи и поголема разлика, а се работи за „спам“ објавите кои се појавуваат во резултатите. Обично ваквите објави поминуваат со „изигрување“ на алгоритамот со точно прилагодување на објавите според SEO правилата.

Дополнително, од Google најавуваат дека ќе го намалат рејтингот на страните кои имаат добар рејтинг, но објавуваат платена нискоквалитетна содржина која има за цел да стигне до поширока публика.

На крајот, помалку ќе се прикажуваат во резултатите страни кои имаат стари домени, купени од страна на корисници кои на тој начин сакаат да „бутнат“ нискоквалитетна содржина во резултатите.

Дел од новите мерки ќе станат достапни во месеците што следат, па со тек на време корисниците би требало да забележат подобрување на квалитетот на Google Search.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 6” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем
Следна статијаCopilot доаѓа во OneDrive за да помогне со пребарувањата, анализите, сумирањето на датотеките и содржината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.