Иако Google и досега ја откриваше локацијата од која што пристапува корисникот, сепак истата можеше да биде променета со едноставно внесување на друг домејн, односно google.com, google.mk и слични.

Пребарувањата веќе нема да се извршуваат на овој начин, односно без разлика кој домејн ќе го отвори корисникот, тој ќе добие резултати коишто се релевантни за локацијата на која се наоѓа.

Доколку некој сепак сака да добие резултати од друга земја, тоа ќе може да го направи со промена на локацијата во сетинзите на Google, што сепак е нешто подолг, ако не посложен процес.

Овие промени може имате забележано дека веќе се имплементирани, а важат за мобилната и десктоп верзија од Google Search, мобилната апликација, како и за пребарувањата направени во Google Maps.

Извор: Google, The Verge

Претходна статијаСоцијалните мрежи и паметните индустрии во фокус на вториот ден од Самитот на Македонија2025
Следна статијаSamsung Galaxy Note8 – Први импресии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.