Страната за најава на Google сметките, како и за креирање на истите, доби редизајн. Оваа промена доаѓа за сите корисници и за сите видови на уреди.

Очекувано, сепак се работи за едноставна страна, промените не се големи, но сепак се забележуваат. Направени се според правилата на Material дизајнот кој веќе одамна од компанијата го користат кај сите нивни производи.

Од Google истакнуваат дека се работи само за промена во корисничкиот интерфејс, но не и во функционалноста која останува иста со сите досегашни можности.

Новиот дизајн е пуштен од вчерашниот ден, а од компанијата истакнуваат дека ќе треба околу две недели да им биде пуштен на сите корисници, односно процесот се очекува да трае до 4 март.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаApple најави нов протокол за шифрирање на iMessage кој ќе ги заштити корисниците од идните квантни компјутери
Следна статијаApple претстави апликација за следење на спортски резултати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.