Фото: Google

Google Play Protect е сервис кој функционира на сите Android уреди, кои имаат Google сервиси секако и кој е одговорен за заштитата на корисниците од инсталација на малициозни апликации.

Овој сервис во основа ги проверува сите апликации кои се инсталираат, дури и тие кои не се од Play Store и доколку најде некоја која е означена како малициозна, ќе го извести корисникот и ќе го блокира инсталирањето. Ова се прави врз основа на апликации кои се означени како малициозни, како и врз основа на машинско учење и проценка на апликациите.

Сепак, малициозните апликации, поточно нивните програмери, стануваат се попаметни, па истите успеваат да ги избегнат проверките, а тоа во денешно време се прави и со помош на вештачката интелигенција.

Поради тоа, Google воведува нов вид на проверка на апликациите кои се инсталираат надвор од Play Store. Кога се инсталираат апликации кои не се препознаени, односно претходно проверени, на корисниците ќе им биде предложено истите да ги скенираат.

Ова скенирање ќе се прави во вистинско време и ќе го вклучува целиот код на апликацијата која ќе биде прикачен на серверите од Google. Со тоа ќе се направи скенирање на сите можни показатели дека кодот содржи малициозни делови, што го прави нивното сокривање многу потешко.

Доколку апликацијата е откриено дека е малициозна, корисниците нема да може да ја инсталираат, а истото важи и доколку тие не сакаат да ја скенираат.

Ова треба драстично да ја подобри безбедноста на корисниците, но исто така отвара и една друга можност за Google.

Од компанијата на овој начин ќе можат да имаат поголема контрола на што инсталираат корисниците надвор од Play Store, па не викам дека Google ќе почнат со ваква практика, но тие може да почнат да блокираат одредени апликации кои не се малициозни.

Со форсирањето на ЕУ да компаниите овозможат алтернативни начини за инсталација на апликации, тие ќе бараат нови начини како да ја задржат контролата во овој процес.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаОпштина Аеродром се вклучува во општествено одговорната кампањата на „Макпетрол“
Следна статијаOnePlus го претстави Open, нивниот прв уред на преклоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.