Фото: Shutterstock.com

Google како дел од нивната алатка „results about you“, која ја направи достапна од оваа недела, ќе почне да ги известува корисниците доколку некој од нивните лични податоци се дел од пребарувањата.

Новата алатка во основа се користи за да се провери дали личните податоци како што се телефонскиот број, адресата на живеење и имејл адресата се дел од резултатите при пребарување преку Google Search.

Корисниците потоа ќе можат да поднесат барање до Google овие резултати да бидат тргнати, односно веќе да не се прикажуваат при пребарувањата.

Се разбира, тргањето е само од резултатите на Google Search, а не од веб страните до кои водат овие резултати.

Корисниците кои би сакале, можат да ја вклучат новата функција за известување, па да не мораат самите да бараат дали нивните податоци се дел од пребарувањата. Оваа можност ќе стане достапна од идната година.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаWomen in tech Македонија најавува втора конференција за UI/UX отворена за сите
Следна статијаСојузот на средношколци на чекор од законско уредување на средношколската демократија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.