Почнувајќи од крајот на оваа година, Google сметките кои не биле користени две години, може да бидат избришани, заедно со сите нивни податоци кои може да се дел од нив.

Google го најави овој план како дел од нивната заложба на зачувување на безбедноста на сметките. Тие кои не биле користени долго време имаат многу поголем ризик од пробивање, а потоа искористување за крадење на идентитетот, како еден посериозен пример.

Исто така, овие сметки имаат 10 пати поголема шанса да немаат вклучено дво-факторска автентикација, нешто што стана задолжително за сите корисници на Google во 2021.

Бришењето на сметката и податоците ги опфаќа сите поврзани информации кои се дел од Google сметката, како што се Gmail, Docs, Drive, Meet, Calendar, како и YouTube и Google Photos.

Планот на Google е да започне со постепено бришење на старите сметки најрано во декември оваа година, а корисниците ќе бидат известени повеќе пати пред да им биде избришани сметките.

Први за бришење ќе бидат сметките кои биле креирани, но никогаш после тоа користени, што значи дека има време корисниците да размислат дали планираат да ги задржат своите малку користени сметки.

Во овој план не влегуваат сметките на образовните институции и бизнисите, односно се однесува само на приватните сметки.

Од Google препорачуваат да корисниците кои сакаат да ги задржат своите сметки и да не ризикуваат да им бидат избришани, да се најавуваат на нив барем еднаш во две години.

Дополнително, тие даваат и неколку примери за што се смета како активност на сметката, поради што таа би немала ризик да биде избришана. Такви примери се читање или испраќање на имејл пораки, користење на Google Drive, гледање YouTube видео, симнување на апликација преку Play Store, користење на Google Search, како и најавување на други сервиси со користење на Google сметката.

Корисниците кои имаат некаква претплата на Google, исто така ќе се сметаат за активни и не би им била избришана сметката.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаСо заедничка веб платформа за е-трговија ќе се зголемува конкурентоста на бизнисите во регионот
Следна статијаЗаврши натпреварот за најдобар средношколски бизнис модел во Пелагонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.