Веќе неколку години темата за приватноста на корисниците онлајн, поточно нејзиното нарушување, е една од главните, а тоа може да се каже дека посебно се засили по случувањата со Facebook и познатиот случај Cambridge Analytica.

Во денешно време ги имаме „тракер“ блокирачите скоро на секој интернет прелистувач, тука се и согласностите за чување на „колачињата“ при посета на страните, па слободно може да се каже дека полека доаѓа време кога сериозно ќе биде загрозен бесплатниот концепт на интернетот.

Google, како компанија која во главно живее од реклами, ја започна иницијативата Privacy Sandbox преку која ќе се обиде да ја задржи исплатливоста за рекламирање од страна на огласувачите, со подобра приватност на корисниците од таа што ја има денес.

Првиот концепт како дел од Privacy Sandbox за Google Chrome не помина баш добро, па Google оваа година го пуштија Topics, втор обид за прикажување на реклами согласно интересите на корисниците, без нивно директно следење и загрозување на приватноста.

Од компанијата сега објавија дека Privacy Sandbox доаѓа и на Android. Privacy Sandbox за Android ќе се развива во наредните две години, а од оваа година Google ќе започна да овозможува тест за програмерите. До крајот на годината се очекува да биде пуштена и првата бета верзија од новиот систем.

Исто како што е случајот со Google Chrome, Privacy Sandbox за Android ќе има за цел да го ограничи споделување на податоците од корисниците на мобилните, а сепак да најде начин како да продолжи да им прикажува важни реклами.

Овој систем ќе го замени моменталниот Advertising ID, кој во основа им овозможува на апликациите да ја следат активноста на корисниците на други апликации, како и веб страните кои ги отвораат.

Ако се земе како пример новиот Topics систем, може да се претпостави дека Google ќе ги одредува темите кои ги следат корисниците локално на телефонот, без да ја споделува со трети страни нивната активност, а врз основа на нив, огласувачите ќе може да им прикажуваат реклами на корисниците, без директно да ги следат.

Google оваа прилика ја искористи да ги искритикува Apple, иако не ги спомена директно по име, за нивниот пристап на целосно блокирање на следењето, без нудење на алтернатива која ќе овозможи прикажување на важни реклами.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаТелеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија
Следна статијаЗапочна продажбата на HUAWEI P50 Pro на македонскиот пазар, во комплет со Huawei FreeBuds 4i
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.