Пребарувањето на Google бара одредено искуство, односно корисниците да се научат кои фрази да ги користат со цел да добијат што подобри резултати. Кога ова ќе се постигне, ретко се случува да не може да се најде тоа што се бара.

Сепак, од многу пребарувања сигурно некогаш ќе се случи и тоа, да тоа што се бара не може баш да се најде. Причината за тоа покрај не доволно доброто фразирање, може да е и тема која не е толку честа на интернет, односно нема или ретки се таквите страни, иако во денешно време тешко е да се замисли таква ситуација.

Google во ваквите ситуации ќе почне да ги известува корисниците дека тоа што го пребаруваат не може да биде најдено, односно дека нема многу добри страни кои се во контекст на тоа што е напишано во лентата за пребарување.

Покрај ова, известувањето ќе има е кратки препораки и совети за тоа како може да се подобри пребарувањето со цел корисникот да го добие тоа што го бара.

Оваа новина од Google ја најавуваат за САД, па би требало со тек на време да биде пуштена и за останатите, ако не на сите јазици, барем за пребарувањето на англиски од сите земји.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаMicrosoft претстави апликација за Windows 10 која ја менува позадината со слики од Bing
Следна статијаСара Мејс твори од карантин преку Facebook challenge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.