Новиот систем од Google кој треба да го продолжи таргетираното рекламирање, но без следење на корисниците и нарушување на нивната приватност, една година по најавата доаѓа во бета форма на Android.

Тестирањето ќе започне со ограничен број на корисниците на Android 13, кои ќе добијат известување дека може да го вклучат новиот систем, а со тек на време ќе биде пуштен на сите корисници на системот.

Privacy Sandbox е наречен системот, кој во својата прва верзија не беше добро прифатен од страна на организациите за приватност, по што беше направена оваа нова и подобра верзија.

Во основа, Privacy Sandbox, наместо да ги следи активностите на корисниците на веб страните и помеѓу апликациите, локално на уредот ги одредува интересите на корисниците и на агенциите за рекламирање им два пристап само до оваа информација. Интересите покрај тоа што се одредуваат локално, агенциите добиваат пристап само до категоријата, а не и сите други информации кои денеска се користат за одредувањето на интересот на корисникот.

Корисниците ќе можат да го вклучат системот преку Settings, а во овој дел ќе им бидат достапни и категориите во кои се ставени како корисник. Доколку некоја категорија не е точна, корисникот ќе може да ја блокира, со што рекламите кои ги гледа ќе бидат погодени на неговите интереси.

Успехот на Privacy Sandbox е доста важен, а во главно поради тоа што од него директно зависни бројот на бесплатни сервиси и страни на интернет. Доколку веб страните, на пример, не можат да заработуваат од реклами поради нивното блокирање, тие ќе мора да се префрлат на систем на претплата, нешто што веќе го гледаме кај голем број од нив.

Овој систем на Android може да се смета како одговор на Google на App Tracking Transparency од Apple, со таа предност што Privacy Sandbox им овозможува на огласувачите алтернативен начин на заработка, наместо губење на приходите.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаSamsung го најавува почетокот на продажбата на серијата Galaxy S23 во Македонија
Следна статија„Дали Windows има станато spyware“ – се прашуваат од The PC Security Channel
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.