hero-dhp-chrome-win

Правото да бидете заборавени е интересен и дискутабилен закон во Европската Унија којшто им овозможува на жителите да побараат тргање на одредени објави на интернет од резултатите на пребарувачите.

Ваквата можност се добива по одредена процедура која е разгледувана од страна на пребарувачот и барателот треба да докаже дека конкретната содржина е несоодветна или веќе не е релевантна, па поради тоа не би требало да биде поврзана со него.

Ваквите закони се во најмала рака дискутабилни најмногу и поради тоа што навлегуваат во суштината на интернетот којшто е замислен како слободен и отворен простор каде што секој може да се искаже. Од друга страна, познато е правилото дека нешто што е ставено на интернет не може да биде тргнато, па обидот на некои луѓе тоа да го направат, не ретко резултира со појава на информацијата на многу повеќе страни.

Сепак, ова е закон во Европската Унија, па компаниите мора да го почитуваат. Google веќе постапува по ваквите барања, па тие што се одобрени не можат да бидат видени на европските верзии од пребарувачот.

Ова правило сега има најава дека ќе биде проширено, нешто што од унијата го бараат веќе подолго време. Тоа значи дека тргнатите резултати од пребарувањата нема да бидат достапни од било која страна на Google, а не само од таа на европските земји.

Филтрирањето ќе оди според локацијата на корисникот, па доколку некој пристапува на било кој Google сајт од ЕУ, нема да може да ги види резултатите поврзани со статии кои добиле право да бидат заборавени.

Извор: BBC, TNW

Претходна статијаSamsung ја пушта Marshmallow надградбата за Galaxy S6 моделите
Следна статијаИнтел и Лејди Гага се здружија за неверојатно музичко искуство на 58-то издание на годишните GRAMMY награди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.