Mozilla како организација од самиот почеток го гради својот углед на основа на тоа дека грижа број 1 им е приватноста на корисниците. Firefox прелистувачот отсекогаш бил познат по оваа карактеристика, а од организацијата овој месец претставија нов сервис кој е во тест фаза и повторно е замислен да ја подобри приватноста на корисниците.

Новиот сервис е нарачен Firefox Private Relay и е наменет да се користи при регистрирање на одредени сервиси кои не се планирани редовно да се користат. Обично од такви ситуации корисниците потоа добиваат имејл пораки кои само им го полнат сандачето, а честото регистрирање на сервиси може да доведе до тоа и да се добиваат пораки за кои корисникот се нема ни регистрирано.

Firefox Private Relay е додаток за Firefox прелистувачот кој на местото за имејл адреса внесува случајно избрана адреса која нема врска со корисникот. Сите пораки потоа кои стигаат на таа адреса ќе му бидат препраќани на корисникот, а притоа неговата адреса ќе остане тајна, односно нема да биде внесена каде што е направена регистрацијата.

Доколку корисникот веќе не сака да добива пораки од таа адреса, тој може да ја исклучи или целосно да ја избрише.

Во овој момент додатокот и сервисот се во тест фаза за која е потребно да се добие покана. Планот е да на сите корисници им биде достапен до крајот на годината.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаМакпетрол АД со помош за Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“
Следна статијаКако се очекува да изгледа Samsung Galaxy Fold 2 според достапните неофицијални информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.