Windows одамна не е првиот оперативен систем на кој би помислиле кога темата на разговор е приватноста на корисниците. Ова посебно дојде до израз со Windows 10, систем за кој дури беше воведен избор за корисниците, дали сакаат да овозможат поголемо собирање информации или да останат на минималното без кое „не може“.

Собирањето на информации за кое говориме е наречено телеметрија и работите поврзани со оваа активност не се толку едноставни. До одреден степен собирањето на информации може да придонесе до подобрување на работата на системот, но не ретко информациите кои се собираат одат до степен кога реално се поставува прашањето, зошто?

Од познатиот YouTube канал „The PC Security Channel“, каде може да се најдат доста тестови поврзани со безбедноста на Windows, направија тест да видат колку навистина Windows 11 собира информации, а направија и споредба со Windows XP.

Тестирањето е направено со познатата и бесплатна алатка Wireshark, која овозможува анализа на целиот сообраќај кој се прави од компјутерот. Конкретно, тестиранa е DNS комуникацијата и резултатите доведуваат до насловот на видеото, „Has Windows become Spyware?“.

Од анализата на сообраќајот кој го прави Windows 11, односно комуникацијата со сервери, може да се види таква која е очекувана, како на пример со Windows Update серверот. Тука се и сервери поврзани со Bing пребарувачот, иако ништо не се пребарува во моментот и слично.

Тоа што привлекува поголемо внимание е комуникација со сервери кои не се од Microsoft. Тоа значи дека од компанијата им даваат пристап до телеметрија на други компании, а пример за такви се Steam, McAfee, како и други компании кои работат со истражување на пазарот, со лоцирање на корисниците и слично.

Ова дефинитивно ја поминува границата кога е во прашање приватноста на корисниците, а посебно што тестот е направен на нова инсталација на Windows 11, веднаш по вклучување на компјутерот и без вклучени апликации.

Ситуацијата со Windows XP е многу поразлична. Видеото е во продолжение, па и самите можете да видите за што се работи.

Претходна статијаGoogle ја пушти бета верзијата од нивниот Privacy Sandbox систем за реклами на Android
Следна статијаYou.com пребарувачот се приклучува на Google и Microsoft со сопствен модел на вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.