Еден од главните извори на финансирање на Mozilla интересно отсекогаш бил Google и договорите со оваа компанија за поставување на нивниот пребарувач како главен во Firefox интернет прелистувачот.

Одреден период од организацијата се обидуваа да ја намалат зависноста од Google, па главен пребарувач беше Yahoo!, зависно од регионот, додека во некои земји, како Русија и Кина, беа поставени локални пребарувачи. Сепак, во 2017 Google повторно „се врати“ во Firefox, па Mozilla продолжи да функционира со оваа компанија.

Договорот со Google треба да истече оваа година, па според неофицијалните информации, Microsoft сака да биде наредниот соработник на Mozilla и да го замени Google.

Доколку вакво нешто навистина се договори, без промена од страна на корисникот, пребарувањата направени преку Firefox ќе се прават преку Bing, наместо преку Google Search.

Microsoft овој период се охрабрени со успехот кој го има Bing поради интеграцијата со вештачката интелигенција, а посебно поради доцнењето на Google кои дури сега почнуваат со тестирање на нивната технологија.

За да можат Microsoft да ја преземат позицијата на Google, ќе мора да понудат повеќе пари, но и додатни работи за да од Mozilla имаат зошто да ја прифатат промената која може да има и влијание на нивниот углед.

ИЗВОРOMG!Ubuntu
Претходна статијаЕлон Маск најави нов директор на Twitter кој ќе дојде на позицијата за околу шест недели
Следна статијаНаредната верзија од Wear OS донесува нови можности и нови апликации лесно достапни преку раката на корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.