Фото: Shutterstock.com

Американската Федерална Комисија за Трговија, односно FTC, ги казни познатите Avast за продажбата на информациите кои ги собирале од своите корисници, кои требало да ги заштитат од истото, на трети страни.

За оваа практика од една од најпознатите безбедносни компании во светот дознавме во 2020 година, по истражување направено од страна на Motherboard и PCMag.

Во основа се работи за чиста измама за која Avast би требало да бидат казнети многу повеќе. Тие преку нивниот додаток за интернет прелистувачите, како и антивирусниот софтвер, со тврдењето дека ги штитат корисниците од интернет следењето, го правеле токму тоа. Корисниците го инсталирале додатокот од компанијата со цел да го спречат интернет следењето, но тоа на крајот го правеле од безбедносната компанија на која и веруваат милиони корисници во светот.

Оваа практика започнува од 2014 година преку компанијата ќерка на Avast, Jumpshot, која ја затвораат во 2020 по откривањето на „измамата“. Податоците биле продавани на повеќе од 100 компании од областа на маркетингот, анализа на податоци и слични.

Avast ќе треба да платат 16,5 милиони долари на FTC како казна, а исто така ќе треба да ги известат сите свои корисници дека нивните информации биле продавани без нивно знаење. Од компанијата исто така ќе треба да ги избришат сите досегашни податоци, а и да ги известуваат корисниците што прават со нив.

Преку следењето, кое не било баш анонимно како што тоа го тврделе од Avast, тие имале цела „листа“ од пребарувањата на корисниците, како и страните кои ги отворале. Со тоа тие имале пристап до работи како религиозни верувања на корисниците, нивните здравствени проблеми, политички ставови, локацијата, финансискиот статус и други сензитивни информации.

Avast, во чија сопственост е и AVG од 2016 година, станаа едни од најпопуларните компании за безбедност најмногу поради тоа што беа меѓу првите кои нудеа бесплатна верзија од нивната апликација која овозможуваше добра заштита.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаМакедонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година
Следна статијаЗдружението „Академија за роботика и иновации“ го организира шестиот натпревар за едукативна роботика во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.