Фото: Shutterstock.com

Поради можноста да мора да биде раскинат договорот помеѓу Apple и Google, преку кој Google им плаќа околу 20 милијарди долари годишно, Apple веќе размислуваат за тоа што би правеле понатаму.

Google им плаќаат на Apple за нивниот пребарувач да биде главниот во Safari на уредите од Apple, односно автоматски избран доколку корисниците не направат промена самите. 

Процесот кој го води Министерството за правда на САД може да доведе до прекин на ваквите договори на Google, како и неколку други „последици“ кои не се важни во овој случај. 

Од Bloomberg пренесуваат дел од изјавите кои се даваат во процесот, па последната е од страна на Еди Кју, главниот за сервисите во Apple. Кју истакнува дека пребарувањата преку Safari за првпат биле намалени, а верува дека тоа е поради тоа што корисниците се почесто ги користат пребарувачите со вештачка интелигенција. 

Поради ова, од компанијата веќе размислуваат да ги додадат во листата на пребарувачи и тие со вештачка интелигенција, но наводно не се планира некој од нив да биде главен. 

Според информациите, од Apple имаат разговарано со Perplexity AI, еден од подобрите ВИ пребарувачи, но се планира додавање и на другите. 

Сепак, на крајот, Кју не е среќен што може да дојде до оваа промена, а сумата од 20 милијарди долари годишно е преголема за да од Apple немаат проблем да ја изгубат. 

Од Google објавија кратка изјава после овие информации преку која тие тврдат дека бројот на пребарувања, па и тие преку уредите од Apple, се во раст, а тоа се должи на новите функции кои тие ги додаваат. 

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаiPhone на преклоп треба да биде подобар од конкуренцијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.