Фото: Shutterstock.com

„Јутјуберот“ Ендру Едвардс беше примен од страна на двајца вработени во Apple, во седиштето на компанијата каде разговараа на темата приватност. Видеото „Разговарање приватност со Apple – Дали вашите тајни се безбедни?“ навлегува во доста теми, па тие кои ги интересира како од компанијата ја објаснуваат работата на овој план, има што да се слушне во скоро 45 минути разговор. 

Разговорот е направен со Кејти Скинер која е Менаџер за инженерство за приватност на корисниците и Сенди Паракилас кој е лидер за маркетинг на производи за приватност. 

Видеото не е кратко, како за денешни стандарди, но добро е што е поделено по прашањата, па секој може да го гледа делот кој го интересира. 

Се отвораат тема како што значи приватноста за Apple, како тие соработуваат со барањата од властите, дали корисниците треба да размислуваат за приватноста ако немаат што да сокријат, дали апликациите ги следат и слушаат корисниците, како Apple ги собира и чува личните податоци, како и прашања за Apple Intelligence и приватноста. 

Видеото е во продолжение и одговара на доста прашања. 

Претходна статијаApple Maps станаа достапни преку веб
Следна статијаАктивности од кампањата „Вози одморен“ со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Р. Србија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.