Фото: Shutterstock.com

Нешто што сигурно повеќето од нас го имаме помислено кога ги имаме гледано големиот број на доста евтини и без бренд Android уреди наменети за поврзување со телевизорите, сега се покажува како вистина.

Неколку безбедносни истражувачи имаат откриено малициозен софтвер, поточно „задна врата“ кај илјадници модели од овие уреди, а тука треба да се додадат и евтини, небрендирани смартфони, таблет компјутери и слично.

Се работи за евтини уреди произведени каде друго освен во Кина, а по поврзувањето на истите од страна на корисниците тие се поврзуваат со одредени сервери од Кина.

Се верува дека уредите се „инфицирани“ некаде после процесот на производство и носењето до продавниците, па не е познато дали се работи за намера на производителите.

После поврзувањето со серверите, се добива пристап до апликациите на корисниците, како и до целиот уред. Ова се има искористувано за пуштање на реклами кои водат до не баш легитимни страни, а исто така оставено е како можност уредите на корисниците да биле користени за нелегални активности.

Human Security има објавено цело истражување околу овој проблем, а истиот го имаат наречено „Badbox“. Целиот документ од компанијата може да се прочита тука.

Според информациите, серверите кои се поврзуваат со овие уреди веќе не функционираат, но безбедносниот пропуст до истите постои и може некогаш во иднина да се искористи.

Кратко кажано, во денешно време веќе нема логика да се купуваат овие уреди, а сите модели од новите телевизори доаѓаат со некоја верзија од Android или сопствен систем од производителот. На истите се достапни стриминг апликациите, како и други апликации кои може да се користат за гледање на видео содржина.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаПуштен првиот „трејлер“ од најновото продолжение на Planet of the Apes
Следна статијаЗаштитете го својот уред на свој начин со автоматскиот блокатор на Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.