adblock_plus_logo

Компаниите кои стојат позади Zeit.de, Handelsblaat.com и Wiwo.de покренале тужба против Adblock Plus на 3 декември 2014 со цел да се забрани употребата на истиот на нивните веб сајтови. 4 месеци подоцна германскиот суд носи одлука дека Adblock Plus е целосно легален.

Причината која судот ја наведува за легалноста на Adblock Plus е дека корисниците имаат законско право да одлучат што сè ќе се случува на нивниот екран, а тоа ги опфаќа и рекламите. На тој начин, користењето на Adblock Plus не крши никакви закони.

Оваа судска одлука носи и дополнителни добри вести, со тоа што судот одлучил дека Adblock Plus е легален поради причината дека секој корисник одлучува што ќе се случува на неговиот компјутер, што ги поддржува и актите за приватност и целокупното интернет искуство на корисникот.

Бидејќи Adblock Plus се обидува да ги филтрира здодевните реклами, а воедно да пропушти квалитетни реклами, луѓето кои стојат позади него се надеваат дека во иднина компаниите ќе соработуваат со нив наместо да работат против нив со цел да се добие подобар интернет.

Извор: VentureBeat

Претходна статијаNokia ги демантира гласините за враќање во бизнисот со телефони
Следна статијаOnePlus One сега достапен глобално и за секого