Наредната генерација од Galaxy Watch може да се очекува дека ќе има нешто подобра издржливост на батеријата, односно истата ќе може да трае нешто повеќе со едно полнење.

Овие очекувања се врз основа на неофицијалните информации дека Samsung планира да вгради поголеми батерии кај новите часовници, кои сепак не се толку поголеми за да овозможат денови повеќе при користењето.

Според информациите, батеријата кај поголемиот 44 инчен модел треба да добие зголемување од 410 на 425 mAh, односно вистински капацитет од 397 на 412 mAh. Помалиот модел исто така треба да добие поголема батерија, а зголемувањето би било од 284 на 300 mAh, односно вистински капацитет од 276 на 295 mAh.

Ова не изгледа како некое посебно зголемување, но кај уредите кои не се „чепкаат“ по цел ден, како смартфоните, ова може да направи разлика. Посебно што дури да се работи и за часови разлика, истата може многу да значи во одредени ситуации, кога веќе имаме прифатено дека и овие уреди ги полниме скоро секој ден.

Претставувањето на Galaxy Watch6 серијата се очекува за некаде во август, ако продолжи досегашната практика, што значи има уште време и уште доста неофицијални информации.

ИЗВОР9to5Google
Претходна статијаGoogle Phone апликацијата доби мал редизајн и поголема примена на Material You дизајн правилата
Следна статијаНов „volume mixer“ е достапен во најновата тест верзија од Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.