Земја, вода, ветер и оган се четирите основни елементи, а Лилу (Leeloo од The Fifth Element) е петтиот елемент, или барем така не научија филмовите. Нова кампања од Kickstarter ќе се обиде да ги донесе елементите од игрите во вашата соба преку уред наречен Vortx, кој има за задача уште подлабоко да ве внесе во уживањето на најдобрите наслови.

Vortx на пример може да дувне топлина во вас кога ќе користите пламенофрлач во некоја од игрите, односно да дувне разладен воздух кога ќе бидете во некоја околина со мраз. Тој може да дува и обичен ветер (неразладен, незагреан) и за среќа (или жал за најхардкор гејмерите) нема да ве прска со вода кога ќе поминете низ некоја рекичка.

Уредот инаку визуелно ги анализира игрите во реално време и генерира проток на воздух со температура која треба да одговара на тоа што го има на дисплејот. Секако, од него не очекувајте да во изгори или замрзне, туку да направи само благо да почувствувате од тоа што се случува во играта.

Vortx интересно работи и со Netflix и HBO Go, што значи дека ќе можете да ги чувствувате елементите и кога ќе гледате филмови во тие апликации, но веројатно не за сите гледачи доколку го поставите во дневната соба, бидејќи нема толку голема моќ.

Цената на Vortx изнесува 99 долари за оние кои сега ќе ја поддржат Kickstarter кампањата.

Извор: Mashable, Alphr, Kickstarter

Претходна статијаFacebook ќе ги штити корисниците од објава на нивни тајни слики преку превентивно испраќање на тие слики
Следна статијаSamsung добитник на 36 CES 2018 награди за иновации за Извонреден Дизајн и Инженерство