Engadget

Минатиот месец преку неофицијални информации можевме да прочитаме за тоа дека кинескиот производител TCL спрема интересен концепт телефон со екран кој се превиткува, но не како што се научивме да го гледаме тоа кај веќе претставените модели.

Замислата на овој уред е да екранот на еден начин за намотува кога уредот се проширува и стеснува, да речеме како фиока. За жал, овој концепт на бил прикажан на медиумите во САД како уред што функционира, туку само како модел, па уште не може да се донесат заклучоци околу неговата работа.

Уредот којшто бил прикажан во функционална форма е тој што навистина го привлекува вниманието. Се работи за уред којшто се превиткува на три дела, односно има две места каде се превиткува.

Со тоа, од 6,65 инчен телефон, се добива таблет со големина од 10 инчи, што е навистина неверојатно. Сепак, до развојот на оваа технологија дополнително, кога уредот е превиткан како телефон, се добива уред со навистина голема дебелина, нешто што сигурно никој не би сакал да го користи.

Сепак, ова се моментално концепт уреди, а не готови производи, па до нивното официјално пуштање во некоја форма, сигурно би се решиле и добро размислиле практичните делови за корисниците.

Уште еден концепт којшто беше прикажан од страна на TCL е уред кој се превиткува како книга, но со оглед дека вакви уреди веќе има на пазарот, не е нешто посебно кое треба да се истакне, а од компанијата само покажуваат дека е можно да конкурираат на пазарот и со такви уреди.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаMotorola го претстави Moto G8 со одлични камери и голема батерија
Следна статијаМисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! – е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.