TAO-Wellness_1_large_JPG

За оние кои ја следат технологијата стана особено очигледно дека 2014-та ќе биде годината на фитнес гаџети и здравствени помагала. Откако Samsung и Apple инвестираа масивни ресурси (и голем број патенти) на ова поле, стана јасно дека овој пазар ќе стане особено важен за паметната технологија.

Реално гледано меѓутоа, производите кои ги видовме во последните 5 години не беа ништо посебно. На пример смартфоните вградија педометри за броење калории при џогирање, но функционално тие се исти како педометрите од пред 15 години – единствената разлика е што сега бројките ги читаме директно на мобилниот. Друг сличен пример се паметните часовници кои вградија пулсометар што го мери пулсот додека џогираме и преку Bluetooth ја праќа информацијата на нашиот Samsung Смартфон – корисно и практично, но ништо револуционерно. Исто така, дигитални пулсометри постојат веќе 20 години.

На радост на оние од нас кои се вљубеници и во фитнесот и во паметната технологија – конечно можеме да ве известиме за производ кој е навистина иновативен како идеја. Се работи за Tao WellShell.

Она што го прави овој уред особено уникатен е тоа што има 2 функции во едно. Самиот уред е “портабилна справа за вежбање”, но истовремено е и дигитален фитнес мерач. Тоа значи дека визијата на креаторот е дека можеме со овој уред да правиме изометрични вежби кај и да сме, а притоа WellShell следи колку сме сработиле, каков ни е напредокот, да следиме и планираме кои вежби треба да ги правиме итн…

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=FLUuDc9cXvU

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=PzBlSCY2DkU

Креаторите тврдат дека има стотици изометрични вежби кои можат да се прават со овој уред и дека во основа со овој уред можеме да имаме “теретана во џеб”. WellShell помага така што го зголемува или намалува притисокот кога притискаме на него.

За оние кои не знаат што е тоа изометрична вежба, тоа е вежба во која се предизвикува контракција на мускулот без да мора да се движи, односно само со притисок. Наједноставен пример би било да земеш со сета сила да пробаш да го буткаш ѕидот во твојата дневна како да можеш да го бутнеш, иако нели не можеш. Во теорија изометричните вежби би требало да се ефективни, но во пракса и баш не се толку многу докажани.

Претходна статијаSamsung патентира технологија за таблет на превиткување
Следна статијаTobii – Контролирајте го компјутерот само со поглед