Sony_Multifunction_Light_2.0

Јапонскиот гигант има нова идеја за тоа како треба да го направите паметен вашиот дом – со паметна светилка за покривот, која покрај тоа што може да ја осветли просторијата, има и мноштво други функции.

За многумина оваа светилка ќе е исклучително интересна. На пример, има сензори за движење кои кога ќе почувствуваат дека влегувате во собата, преку вграден инфрацрвен сензор го пуштаат телевизорот.

Исто така, на светилката има звучник и микрофон, со кои ќе може да зборувате со луѓето во другите соби од вашиот дом, а сензорот кој детектира движење може да се искористи и како алармен систем, кој ќе пушта нотификација на вашиот паметен телефон доколку има движење во собата.

Sony_Multifunction_Light.0

Настрана овие интересни, но веројатно не толку корисни можности, светилката има и мерач на температурата и влажноста на воздухот, како и на светлината, кои како податок потоа може да ги прати на термостатот и тој поуспешно да ја контролира температурата – функција која може да е многу корисна.

Паметната светилка може да се контролира преку вашиот смартфон, каде и да сте, што значи дека преку неа можете да ја контролирате температурата дури и кога сте надвор од дома. Во неа има и вградено читач за micro SD картичка, но навистина немам идеја зошто тој постои во ваков уред.

Она што е најразочарувачко е името на светилката – “Sony Multifunctional Light”, односно мултифункционална светилка на Sony. Дефинитивно, можело да им текне нешто подобро и поинвентивно.

Sony_Multifunction_Light_concept_image.0

Паметната светилка на Sony ќе почне да се продава во Јапонија во првата половина на оваа година, но нема информации за цената или пак за тоа дали ќе биде достапна на другите пазари во светот.

Извор: The Verge, The Next Web, Engadget

Претходна статијаCompulab Airtop е нова гејминг десктоп машина со пасивно ладење
Следна статијаУште едно неуспешно вертикално слетување на Falcon 9 на SpaceX