Едни од најголемите претставувања на CES саемот за технологија обично се новите телевизори од Sony. Овие телевизори обично почнуваат со продажба во пролет, но почетокот на годината во Лас Вегас е местото од каде што корисниците добиваат претстава што да очекуваат и купат доколку им е време за нов телевизор.

Sony оваа година нема да ја претстави наредната генерација од нивните телевизори на овој саем, а истото ќе го направат нешто подоцна, односно наскоро. Која е причината за тоа, не е познато, но одлуката ја имаат потврдено за The Verge.

Според информациите, од компанијата секако дека ќе бидат присутни во Лас Вегас, но нивниот штанд ќе биде пополнет со производи како што се PlayStation VR2 уредот за виртуелна реалност, како и технологиите кои ги развиваат за автомобилската индустрија.

Од компанијата се здружија со Honda за развој и производство на електрични автомобили, па на CES 2023 ќе може да се види поблиску дел од технологијата која ќе се користи од страна на компанијата.

Samsung веќе ја претстави својата најнова постава на телевизори за 2023, а од тоа што можеше да се види, Sony ќе треба навистина да се потруди оваа година.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung ги претстави телевизорите за 2023 од Neo QLED, MICRO LED и OLED сериите
Следна статијаНајавен новиот Qi2 стандард за безжично полнење направен со помош на MagSafe од Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.