Скопје, 8 мај 2025 – Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека најновата линија на QLED телевизори го доби сертификатот „Вистински Quantum Dot дисплеј“ (Real Quantum Dot Display) од страна на TÜV Rheinland – меѓународна сертификациска организација со седиште во Германија. Сертификатот потврдува дека Samsung QLED телевизорите ги исполнуваат глобалните стандарди за структура на квантум-дот дисплеи, зацврстувајќи ја лидерската позиција на компанијата во сегментот на премиум телевизори.
Сертификацијата ја потврдува усогласеноста на Samsung QLED телевизорите со меѓународниот стандард IEC 62595-1-6, кој го дефинира користењето на квантум-дот (QD) единица за претворање светлина во комбинација со извори на сина светлина, како основа за стандардни QLED дисплеи.
Во рамки на процесот на сертификација, TÜV Rheinland го анализираше спектарот на светлина кој го емитуваат Samsung QLED телевизорите и потврди дека тој покажува јасна раздвоеност меѓу црвената, зелената и сината боја – клучен показател за прецизност на боите. Оваа разлика е овозможена токму преку квантум-дот технологијата и често не е подеднакво изразена кај дисплеи со други материјали, кои можат да предизвикаат мешање на бои или намалена јасност. Резултатите потврдуваат дека технологијата со квантни точки на Samsung придонесува за живописно и прецизно прикажување на боите.
Со оваа најнова сертификација, QLED телевизорите на Samsung се официјално признати како вистински квантум-дот дисплеи, што дополнително ја издвојува понудата на Samsung и ја зајакнува довербата кај потрошувачите во премиум телевизиската технологија.
„Оваа сертификација објективно потврдува дека Samsung QLED телевизорите испорачуваат вистински перформанси на кванти точки, создадени според меѓународни стандарди“, изјави Таејонг Сон, извршен потпретседател на Одделот за визуелни дисплеи во Samsung Electronics. „Ќе продолжиме да ја поттикнуваме иновацијата и да ја зајакнуваме довербата на потрошувачите додека го предводиме пазарот на премиум телевизори.“
Сертифицираните серии вклучуваат: Neo QLED 8K (QN990F, QN950F), Neo QLED 4K (QN90F, QN85F, QN80F, QN70F), QLED 4K (Q8F, Q7F, Q6F)
Квантните точките се ултра-минијатурни наноматеријали, десетици илјади пати помали од човечко влакно, познати по својата способност да репродуцираат прецизни и живописни бои во зависност од брановата должина на светлината. Начинот на кој квантните точките се интегрираат во панелите за приказ станува клучен индикатор за технолошкиот напредок во сегментот за премиум телевизори.
Одделно, квантум-дот технологијата на Samsung е препознаена и од страна на глобалната организација за тестирање SGS (Société Générale de Surveillance) поради својот дизајн без кадмиум – еколошки одговорен пристап кој ја елиминира употребата на кадмиум – токсичен тежок метал, познат по својата штетност за здравјето и животната средина.