Samsung-smartwatch-projector-1

Последниве неколку години видовме најразлични концепти и патенти, кои не’ носат до неизбежното, а тоа е да ги користиме паметните уреди директно на нашата кожа. Новиот патент за паметен часовник на Samsung е најблиску до тоа.

Како што може да се види од прикажаните илустрации, часовникот има проектор кој сликата ќе може да ја прикаже на дланката на корисникот. Ова во големо ќе го намали проблемот на мал дисплеј, кој го имаат сите паметни часовници, особено што денешните корисници се научени на многу поголеми дисплеи. Ако вашата дланка не е доволно голема, Samsung развива начин за проектирање на дел од сликата и на вашите прсти, како на пример некои менија и дополнителни функции.

Samsung-smartwatch-projector-3 copy

Ова е реално изводливо, но многу потешко се чини е да се постигне солидно траење на батеријата – проекторите трошат многу, многу енергија и за да може да го напојува, батеријата ќе треба да има огромен капацитет, нешто што знаеме не може да се постигне во денешните паметни часовници. Барем не со денешната технологија.

Со сликата може да се управува со допир, како што тоа би го правеле со паметен телефон, За таа цел на часовникот има вградено мала камера, која ги снима прстите на другата рака додека поминуваат преку проектираната слика. Дополнителниот дисплеј инаку може да се користи за многу различни потреби – дури и за гледање видеа и играње игри.

Samsung-smartwatch-projector-2 copy

Извор: TechnoBuffalo, Engadget, Forbes

Претходна статијаNokia најави враќање на смартфони и таблет компјутери со нивниот бренд
Следна статијаMSI лансира нова X99A матична плоча со моќни спецификации и преден USB Type-C приклучок