Samsung досега претстави три модели од уреди кои имаат екран кој се преклопува и со тоа може да се каже дека тие се компанијата која прави најмногу на овој пазар. Според неофицијалните информации, наредната година ова нема да се промени, па Samsung ќе претстави дури три нови уреди.

Трите нови уреди се нови генерации од веќе постојните, како и уште еден нов за кој веќе можевме да прочитаме неофицијални најави. Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip2 треба да дојдат со подобрувања од своите претходници, додека Galaxy Z Fold Lite треба овој вид на уреди да ги приближи повеќе до корисниците со подостапна цена.

За Galaxy Z Fold3 се најавува дека ќе има екран со големина од 7 инчи кога е отворен и 4 инчи кога е затворен. За оваа серија се најавува и дека ќе добие поддршка за S Pen, заедно со најавите дека Samsung веќе нема да претставува нови телефони од Note серијата, а вниманието ќе го насочи кон Fold серијата.

Тоа што повеќе привлекува внимание е можното претставување на Lite верзија од Galaxy Z Fold, нешто што би требало да го донесе овој вид на уреди до повеќе корисници, а со тоа и да се осигура иднината на овие револуционерни уреди.

Овој уред се најавува дека треба да биде претставен во првата половина на 2021, додека Galaxy Z Fold3 и Z Flip2, во втората половина.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2The Elec
Претходна статијаПрезентирани резултатите од Второто годишно истражување на пазарот на небанкарски финансиски друштва
Следна статија#FITR CLASROOM: Како да се позиционирате како посакуван работодавач?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.