gear-fit-e1393269815767

На вчерашниот Unpacked5 настан кој што се одржа во рамките на MWC 2014, на кој што Samsung го претстави новиот Galaxy S5, како и веќе претставените Gear 2 и Gear 2 Neo, исто така го претстави и својот трет паметен часовник кој што е наменет за љубителите на фитнес геџети, Gear Fit.

Веднаш ќе забележите дека Gear Fit се разликува од другите два модели кои што се наменети за секојдневно носење и одреден стил. Fit доаѓа со помал екран кој што е во форма на правоаголник, односно во форма на некои од другите фитнес часовници од други производители. Исто така часовникот е заоблен и направен целосно да се вклопи во формата на рака, а на тоа кога ќе се додаде неговата мала тежина, истиот треба да понуди многу поголемо ниво на удобност.

Доаѓа со 1,84 инчен Super AMOLED екран со резолуција од 432×128 пиксели. Fit е 23.4 x 57.4 x 11.95 милиметри според неговите димензии и тежи само 27 грама. Според Samsung батеријата на часовникот треба да издржи од 3 до 5 дена на користење. Како и другите часовници, така и Fit има можност за поврзување на мобилен телефон преку Bluetooth 4.0. Покрај фитнес функциите тој исто така ги прикажува нотификациите и слични информации карактеристични за паметните часовници. Како и другите часовници од новата Gear генерација и Fit не работи на Android оперативниот систем, меѓутоа не работи ниту на Tizen на кој што работат другите два нови часовници. Fit работи на посебно направен оперативен систем специјално за овој часовник.

Fit доаѓа со вградени акселерометар и жироскоп, како и сензор за мерење на пулсот кој што се наоѓа на долната страна. Мерачот на пулс може да биде вклучен подолг период што овозможува континуирано мерење при вежбање. Часовникот исто така е водоотпорен, односно исто како и Galaxy S5 не е наменет за користење во вода, туку овозможува одредена заштита при случајно намокрување на уредот.

Претходна статијаWhatsApp ќе воведе гласовни повици
Следна статијаGalaxy S5 ќе има верзија со осум јадрен Exynos процесор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.