Фото: Shutterstock.com

Оваа година, а и годините што следат, се очекува дека ќе донесат повеќе компании на пазарот на очила и уреди за проширена и виртуелна реалност. За Apple веќе одреден период читаме дека работат на вакви очила, а наводно истите конечно ќе ги видиме овој јуни, а пуштен во јавноста беше и планот на Meta за неколку видови на вакви очила во годините што следат.

Според регистрација во САД, поточно во канцеларијата за патенти и трговски марки, Samsung исто така планира влез на овој пазар. Регистрирана е трговската марка „Galaxy Glasses“, а во описот се истакнува дека се работи за уреди за виртуелна реалност, за проширена реалност, слушалки, смартфони, како и паметни очила.

Не можеме да бидеме сигурни за каков производ се работи, односно дали за очила за виртуелна и проширена реалност, какви што веќе има на пазарот и во главно се користат за играње игри или за очила за проширена реалност замислени да се користат во повеќе ситуации.

Според Марк Закерберг, очилата за проширена реалност ќе станат толку популарни до крајот на оваа декада, што ќе ги заменат паметните телефони за проверка на известувањата, како и други важни информации.

Втор производ кој се очекува од Samsung, исто така регистриран во САД, е паметен прстен, наречен „Galaxy Ring“. Според описот, се работи за уред кој треба да ги следи и мери здравствените, фитнес активности на корисникот, како и спиењето.

Првично се претпоставува дека регистрацијата на двата уреди во исто време значи дека прстенот за тука за контрола на очилата, но според описот не се работи за поврзани уреди. Сепак, не би изненадило да очилата имаат можност да бидат контролирани преку еден ваков уред.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаSamsung работи на развој на нов чип за нивните смартфони, таблет и лаптоп компјутери
Следна статијаОстанува планот за Face ID под екранот кај iPhone 16 Pro идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.