Скопје, 7 мај 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. денеска ја објави достапноста и малопродажните цени на новата линија телевизори и soundbar уреди за 2025 година. Презентирана на саемот CES 2025, новата линија интегрира напредни AI технологии за да понуди неспоредливо и  уште поперсонализирано забавно искуство за гледачите и слушателите.

Револуција во телевизијата со Samsung Vision AI

Линијата телевизори на Samsung за 2025 година воведува револуционерни иновации во квалитетот на сликата и паметните функции. Поддржани од Samsung Vision AI, најновите телевизори на Samsung го носат искуството на гледање на следното ниво. Напредните AI технологии ги анализираат содржините и околината за автоматски да го прилагодат прикажувањето на сликата за оптимално гледање.

Samsung исто така воведува подобрена Glare-Free технологија кај избрани модели, која ги минимизира рефлексиите, задржувајќи ги подлабоките црни бои и јасните слики, дури и во силно осветлени простории. Со користење на нов материјал, анти-рефлексивните својства се значително подобрени, така што можете оптимално да уживате во убавата слика, без разлика на светлината на екранот. Glare-Free технологијата сега е додадена и на избрани Neo QLED и OLED модели.

Аудио перформансите на новите телевизори се исто така значително подобрени со Adaptive Sound Pro, технологија која комбинира аудио базирано на објекти со AI за да создаде импресивно и просторно- звучно искуство. Во комбинација со најновите Soundbar уреди на Samsung, кои беспрекорно се интегрираат со телевизорите преку Q-Symphony, се гарантира невидено хармонично и моќно звучно искуство.

Линијата телевизори за 2025 вклучува широк спектар на технологии и дизајни, вклучувајќи:

  • Neo QLED 8K: Со напредна Quantum Matrix технологија и Ultra Viewing Angle технологија за невидено ниво на детали и контраст.
  • Neo QLED 4K: Одличен баланс помеѓу квалитетот на сликата и вредноста, со моќни процесори и светли, живописни бои. Новите Neo QLED 4K телевизори сега исто така имаат Glare-Free технологија, подобрен процесор и побрза стапка на освежување.
  • OLED 4K: Достапни во различни модели (S95F, S90F, S85F) со супериорни црни нивоа, широк спектар на бои и сега со уште повисок врв на светлина и намалени рефлексии кај најдобрите модели.
  • QLED 4K: Светли бои и одличен агол на гледање.
  • Crystal UHD: Чиста 4K резолуција и живописни бои по атрактивна цена.
  • The Frame: Стилски ТВ уред кој беспрекорно се вклопува како уметничко дело во секое внатрешно уредување кога не е вклучен. The Frame исто така има пристап до Art Store давајќи им на потрошувачите пристап до повеќе од 2500 уметнички дела од некои од најпознатите музеи и уметнички галерии низ светот.

Нова линија звучници Soundbar: дизајн со супериорно аудио искуство

Новата линија на звучници Soundbar на Samsung е дизајнирана да работи во синхронизација со новите телевизори и да создаде импресивно аудио искуство. Врвните модели, како HW-Q990F и HW-Q930F, нудат тридимензионален звук со поддршка за Dolby Atmos и DTS:X, давајќи му на аудиото искуство од следната генерација. Компактниот сабвуфер со двојни активни драјвери на HW-Q990F обезбедува длабок и моќен бас без вибрации.

AI-поддржаната оптимизација на звукот, како Q-Symphony и Dynamic Bass Control, ги анализира акустиките на просторијата и содржината која се репродуцира, автоматски оптимизирајќи го звукот за јасна, балансирана и просторна репродукција и разбирлив дијалог.

Со својот слим, модерен дизајн и адаптивна форма, Soundbar QS700F беспрекорно се вклопува во секоја просторија, благодарение на новиот конвертибилен дизајн; комбинира елегантна естетика со висококвалитетен звук за оние кои не сакаат да прават компромис со стилот или перформансите.

Достапност и малопродажни цени

Линијата за AV уреди за 2025 година е достапна кај овластени трговци и онлајн. За повеќе информации и детали за цените посетете ја страницата samsung.mk.

Со оваа нова линија Samsung повторно го поставува стандардот за домашна забава – покомплетна, поубава и повеќе импресивна од кога и да е.

Претходна статијаШест каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското Првенство во Јереван
Следна статијаMicrosoft најави што може да се очекува од Windows 11 во месеците што следат