Делумно најавен за време на презентацијата на Galaxy S24 серијата минатиот месец, Samsung сега и официјално го најави нивниот најнов „велнес“ уред, Galaxy Ring.
За овој уред досега повеќе пати можеше да се прочитаат неофицијални информации, а изгледа со влезот на Samsung на овој пазар, дефинитивно може да се каже дека мерењето на здравствените и спортските информации доаѓа на ново ниво.
За жал, на MWC 2024 Samsung само го најави овој уред, односно ја прикажа и првата официјална слика. Според информациите, присутните засега не можат ниту да го сликаат уредот, а неговата официјална достапност може да се очекува подоцна во годината. До тогаш ќе треба да излезат и дополнителните информации кои сега не беа објавени.
Во основа, Galaxy Ring може да се смета како дополнување на Galaxy Watch, а двата уреди ќе функционираат заедно за уште поточно и подетално мерење на информациите за корисникот.
Galaxy Ring може дефинитивно да се каже дека е поудобен за носење при спиење, за разлика од часовниците, па ова ќе биде одличен додаток за корисниците кои сакаат помал уред за спиење.
Достапни ќе биде повеќе големини од Galaxy Ring, очекувано, а од големината ќе зависи и големината на батеријата, па со тоа и нејзиното траење. Сепак, со оглед на тоа што ваквите уреди немаат екран, па се што троши батерија се сензорите и Bluetooth конекцијата, може да се очекува цела недела без потреба од полнење.
Вакви уреди веќе има на пазарот, иако не многу, а се очекува и други компании да влезат со сопствени верзии, па тука се споменуваат дури и Apple.