Концептот којшто Samsung го користи уште од самиот почеток, односно од првата верзија на Galaxy Z Fold серијата, е екран кој се преклопува на едната страна, но не може на другата. Со тоа се добива уред кој се затвора како книга, но екранот не може да се преклопи до 360 степени.

Ваквиот концепт вклучува потреба од втор екран, како што е случајот со Galaxy Z Fold, за да корисниците имаат можност да го користат уредот затворен, во тој случај како смартфон.

Samsung Display, кои на CES 2023 веќе прикажаа одличен концепт екран, прикажаа и нов екран кој се превиткува до 360 степени. Ова значи дека Galaxy Z Fold уред би можел да се затвора како книга, како и досега, но кога ќе се отвори би можел целосно да се превтика на обратната страна.

Овој нов екран исто така кориси и нов механизам за превиткување, односно нова „шарка“, која овозможува да не се формира фалта на делот каде што се превиткува екранот. Ова се постигнува со овозможување на екранот да се превитка во форма на „капка“, со што не се превиткува целосно и со тоа нема дел на кој може да се гледа фалта.

Ваквиот механизам го продолжува векот на траење на екранот, а исто така овозможува поголем број на отворање и затворања. Неофицијалните информации најавуваат дека Galaxy Z Fold5 можно е да го користи овој нов механизам, со што уредот и ќе може целосно да се затвори, а не како досегашните верзии кои имаат мало одвојување во делот каде се превиткува екранот.

Според некои Samsung можно е целосно да го промени концептот на Galaxy Z Fold серијата и да го користи овој нов екран, но некако не ни се верува дека таква нешто би се случило, барем не оваа година. Како и да е, претставувањето на нова верзија од Z Fold серијата обично се случува во август, па ќе видиме што подготвуваат од компанијата за оваа година.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДојче Телеком е највредниот бренд во Европа
Следна статијаMicrosoft ќе претстане да го продава Windows 10 од крајот на месецот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.