Shutterstock.com

Уште стоиме не тврдењето дека уредите со еластични, свитливи екрани, се иднината на мобилните уреди. Тие овозможуваат да во џебот се носи уред доволно мал за да биде практичен и лесно пренослив, а во исто време способен да се претвори во поголем уред, односно помал таблет компјутер на кого може полесно да се заврши работа, подобро да се гледаат слики и видео содржина.

Сепак, овие уреди уште се на почетокот од својот развој, па ќе помине одредено време додека стигнат до доволно добро ниво, а тука е и падот на цените за нивна поголема достапност.

Еден од главните проблеми кои ги имаат уредите со екрани кои се превиткуваат е фалтата која се појавува на местото каде се прави превиткувањето. Затоа уредите кои имаат екрани кои се намотуваат може да се покажат доста подобри, поради тоа што нема еден дел каде се прави превиткувањето.

Ваков телефон веќе најавија од LG, а тука се и неколку кинески компании. Концептите изгледаат одлично, а може да очекуваме дека и Samsung ќе претстави некаков уред во тој правец.

Најавата доаѓа од Samsung Display, кои за време на повик за финансиските резултати на компанијата, објавија некои од плановите за оваа година. Истакната беше важноста на OLED екраните кои ќе се прошират повеќе кај уредите од средната класа, најавени беа и додатни напредоци кај екраните.

Исто така, беше истакнато дека се планира проширување на присутноста на пазарот со иновативни форми, како што се екраните кои се превиткуваат и лизгаат.

Вториот дел од оваа најава е тоа што го привлекува вниманието, односно производство на екрани кои се „лизгаат“. Со ова се најавува можноста за претставување на уреди како LG Rollable, но секако најавата од Samsung Display не значи и дека ќе видиме уред од Samsung, сепак од компанијата работат и со други компании.

Покрај тоа, оваа најава лесно може да се однесува и на телевизори или други производи, а не само мобилни телефони.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статија„Најдобри практики за сајбер-безбедност” – Четврти бесплатен вебинар во организација на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT
Следна статијаФондот за регионални предизвици поддржува инвестиции во проекти за кооперативна обука
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.