Компанијата Ring, која е во сопственост на Amazon, на пазарот најмногу се има прочуено со нивното паметно ѕвоно за влезната врата. Овој производ го имаше повеќе пати во вестите и поради можноста да пристап до снимките има полицијата.
Оваа компанија ја претстави Always Home Cam, дрон камера која е замислено да лета до било кој дел од домот и со тоа да ја замени потребата од повеќе камери. Оваа камера исто така има предност поради што и повеќе камери никогаш не можат да овозможат доволно добра покриеност на сите можни делови од домот и од повеќе потребни агли, освен ако некој не постави поголем број на камери.
Производот ќе биде достапен на пазарот од идната година, а функционира заедно со системот за безбедност од компанијата, односно доколку се вклучи алармот во домот, камерата веднаш „долетува“ до местото за да може да се види што се случува.
Always Home Cam секако може да се контролира и преку мобилна апликација, преку која може да се гледа и видеото во живо.
Од Ring истакнуваат и доста практични намени на оваа камера, кои не мора секогаш да се поврзани со безбедноста од кражби. Па така, камерата може да ја искористи корисникот за да провери дали навистина го има заборавено отворен прозорот или дали го има оставено вклучен шпоретот, телевизорот и слично.
Од Ring го презентираат својот производ преку видео, кое можете да го погледнете во продолжение, преку кое може да се добие претстава како го замислуваат да се користи.