R2-D2 е мал уред во форма на истоимениот и познат робот од Star Wars, кој што проектира виртуелна тастатура која што можете да ја користите на било која површина. Овој уред дури ги вклучува и познатите звуци кои што ги испушта познатиот робот од овие филмови, па ги искористува при неговото вклучување и гаснење, како и при притискање на виртуелните проектирани копчиња.
Уредот е 70mm широк, 97mm висок, што е слично со висината која што би ја имал iPhone поставен на неговата страна, а дијаметарот на уредот изнесува 49mm. R2-D2 работи на батерија и се поврзува со Windows, iOS, OS X, Android и Blackberry уреди преку Bluetooth конекција. Големината на проектираната тастатура изнесува 99mm×238mm и на неа се прикажани 68 копчиња.
R2-D2 е направен од страна на јапонската компанија Imp во соработка со компанијата за продажба на електроника Runatown. Ќе се продава по цена од 330 долари, а нарачките ќе почнат да стигаат од Август оваа година.
Доколку не сте запознаени, виртуелните тастатури работат преку проектирање на ласер светлина диода на површина и секое нејзино прекршување се детектира како притискање на копче. Има и такви тастатури кои што работат со посебна камера и сензор кои што го следат движењето на прстите и со тоа се одредува местото на притискање.
Извор: Cnet