Претставувањето на наредната генерација од Galaxy Watch треба да се случи наскоро, обично во август, па јасно е дека зачестено ќе почнат да излегуваат неофицијални информации, а во овој период и слики.

Познатиот по вакви објави, Еван Блас, преку 99mobiles, објави слики од часовникот во двете негови изведби. Дали тие навистина вака ќе изгледаат, ќе дознаеме наскоро, но ако се земе досегашното искуство, веруваме дека ова се новите часовници од Samsung.

Од објавата се гледаат два часовници, односно наредната генерација Galaxy Watch5, но и нов модел на местото на Galaxy Watch4 Classic, наречен Galaxy Watch5 Pro.

Pro моделот треба да го замени ланскиот „класичен“, што значи дека исто така има нешто поголема рамка околу екранот, но оваа година овој модел ќе дојде во титаниумска изработка и два бои. Ова треба да го направи овој часовник поскап и да ги привлече корисниците кои би сакале часовник кој асоцира нешто повеќе на обичните.

Galaxy Watch5 во главно го продолжува стилот на ланскиот модел, па за разлика од Pro моделот, тој доаѓа со помали рамки околу екранот и генерално е потенок, односно помалку гломазен.

Блас покрај сликите, објави и 3D поглед од часовниците, со што се добива целосната слика за што е тоа што треба да го очекуваме.

ИЗВОР99mobiles
Претходна статијаApple ќе ги штити корисниците од таргетирани напади на нивните уреди од страна малициозен софтвер нарачан од властите
Следна статијаСо изложба на постери и филмот „Мими“ на Даријан Пејовски вечерва се отвора 21-от Меѓународен фестивал на европски филм Cinеdays
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.