Претставувањето на наредната генерација од телефоните на OnePlus, поточно моделот OnePlus 11, ќе се случи на 7 февруари идната година. На овој настан ќе бидат претставени неколку производи, меѓу кои OnePlus Buds Pro 2, како и првата тастатура од компанијата.

Оваа тастатура ќе биде механичка, нешто што е посебно популарно изминатите година дена, како кај гејмерите, во поново време и за корисниците кои ја користат тастатурата за пишување на подолги текстови.

Тастатурата на OnePlus е дизајнирана во соработка со познатата компанија Keychron, што значи дека може да се очекува одличен производ.

Од информациите кои ги истакнуваат од OnePlus сега, тастатурата ќе дојде со алуминиумска изработка, мала тежина, која ќе остави квалитетен и цврст впечаток.

Копчињата ќе дојдат со двојна заптивка, која треба да овозможи прецизност при притискањето на копчињата кои иако ќе пуштаат одреден звук, ќе бидат прилично тивки.

Механичките тастатура обично доаѓаат со избор на типот на копчиња, „отпорот“ кој го даваат при притискање, како и звукот. Тастатурата од OnePlus изгледа ќе дојде во една верзија, но прилагодена според проценките од компанијата за што се смета како одличен избор.

Копчињата исто така ќе може да се менуваат, а со тоа да се менуваат и одредени функции зависно од поставеното копче. Оваа функцијата ќе дојде благодарение на отворениот код кој ќе го има системот на тастатурата, а ќе се користат QMK и VIA кои го олеснуваат целиот овој процес.

Поддршката на тастатурата ќе биде за двата најголеми оперативни системи, односно ќе работи на Windows и macOS, а ќе може да се користи и на Linux.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаWhatsApp овозможи враќање на пораките избришани само за себе
Следна статијаЕлон Маск ќе ја напушти директорската позиција согласно резултатите од анкетата која објави
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.