Според најчесто точните информации од Марк Гурман, Apple работи на неколку нови модели од нивните монитори, а еден од тие ќе може да се користи како екран за паметниот дом.

Ова би функционирало кога мониторот не се користи, па наместо да се исклучи или да се вклучи „screen saver“, на екранот ќе се појават повеќе „виџети“ со информации и контроли поврзани со паметниот дом, но и генерално работите кои ќе ги избере корисникот.

Дека оваа информација има големи шанси да е точна, покрај тоа што доаѓа од Гурман, може да се смета новата функција која е дел од iOS 17. Истата го претвора iPhone во екран за паметниот дом кога е поставен на полнач и е во хоризонтална позиција.

Корисниците ќе можат да гледаат различни информации на iPhone, од временска прогноза, часовник, календар, контроли за паметниот дом и повеќе.

Со оглед на тоа што веќе еден од мониторите на Apple функционира со чип од iPhone, може да се очекува од компанијата овој чип да го искористат за нешто повеќе од камерата при видео повици.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПроактивни совети за заштита на податоците додека работите во движење
Следна статијаInstagram конкурентот на Twitter додаден во App Store со дата на пуштање на 6 јули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.